Достапни линкови

logo-print

ЕУ - Нобеловата награда за мир испраќа порака за надеж


Портпаролот на Европската Комисија Пиа Ахренкилде Хансен изјави дека признанието на Нобеловиот Комитет, кој денеска на ЕУ и ја додели годинашната награда за мир, е дојдено во вистинскиот момент кога ЕУ стои пред големи предизвици.

"ЕУ е мировен проект кој го инспирира светот и кој може да испрати порака за надеж во светот"

изјави Хансен.

Како што денеска соопшти Нобеловиот Комитет во Осло, Нобеловата награда за мир за 2012 година и се доделува на ЕУ поради над 6 деценискиот придонес за мир, помирување, демократија и човекови права во Европа.
XS
SM
MD
LG