Достапни линкови

САД ги повикаа Македонија и Грција активно да работат врз името


Американскиот помошник државен секретар Мајкл Хамер ги повика Македонија и Грција да бидат активно ангажирани за разрешување на спорот за името. На прес-конференција, Хамер зборуваше за извештаите за напредок објавени од Европската Комисија и ја изрази поддршката на САД за реализирање на евро-атланските аспирации на земјите од Балканот.
„Ние секако ги поддржуваме напорите на Обединетите нации и обидите да се промовира решение на спорот меѓу Македонија и Грција. Имаме тековни активности на Метју Нимиц да се разреши ова прашање, се надеваме во кус рок.“, изјави Хамер.
Државниот помошник секретар за јавни прашања,како што јави МИА од Вашингтон, потсети дека Македонија беше тема на разговори на државниот секретар Хилари Клинтон на состанокот за земјите аспиранти за членство во НАТО, Македонија, Црна Гора, Босна и Грузија, на самитот во Чикаго.
Запрашан дали патот на Србија кон ЕУ е блокиран доколку не го признае Косово, Хамер одговори дека САД остануваат посветени на евро-атланската иднина на сите балкански држави.
XS
SM
MD
LG