Достапни линкови

logo-print

Телевизиска дебата на Бајден и Рајан


Американскиот потпретседател Џо Бајден и кандидатот на Републиканската партија за таа функција Пол Рајан расправаа за домашната и надворешната политика за време на единствената ТВ дебата во јужната сојузна држава Кентаки.
Рајан изјави дека нападот врз американскиот конзулат во Либија и убивањето на амбасадорот во таа земја биле доказ за неуспешната надворешна политика на претседателот Барак Обама.
Бајден истакна дека Обама ги обновил американските сојузи, потенцирајќи ги како успех санкциите спрема Иран поради неговата нуклеарна програма.
Рајан рече дека Иран не може да добие нуклеарно оружје, а дека „ресетот“ на односите со Русија не функционира.
Бајден ја бранеше одлуката за повлекување на војниците од Авганистан во 2014 година, додавајќи оти тоа ќе ги натера Авганистанците да ја преземат одговорноста за нивната безбедност.
XS
SM
MD
LG