Достапни линкови

САД го поддржуваат приземјувањето на сирискиот авион


Викторија Нуланд

Викторија Нуланд

САД ја поддржаа одлуката на Турција, поради сомневање дека пренесува воена опрема и муниција, да пресретне и приземји сириски патнички авион кој летал од Москва за Дамаск. Портпаролот на Стејт департментот Викторија Нуланд изјави дека какво било префрлување на воена опрема за сирискиот режим во овој момент е загрижувачко.
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека авионот пренесувал воен товар наменет за сириската војска.
Сирија, пак, негира дека имало нелегален товар во авионот, а Русија побара објаснување од Анкара за приземјувањето на авионот, во кој имало и 17 руски патници.
Рускиот претседател Владимир Путин ја одложи посетата на Турција, планирана за понеделник.
XS
SM
MD
LG