Достапни линкови

Продолжија преговорите меѓу Грција и „тројката“


Нејасно е дали ќе биде постигнат договор меѓу Грција и нејзините доверители за новиот пакет мерки за штедење, пред состанокот на шефовите на влади на ЕУ во Брисел, закажан за идната недела. Ова го изјави висок владин претставник во Атина по синоќешната рунда преговори. Министерот за финансии Јанис Сторнарас синоќа ги почна новите преговори со претставници на таканаречената „тројка“- ЕУ, ММФ и Европската централна банка. „Тројката“ треба да ги прифати мерките за да ја одобри следната транша од кредитната помош, а грчката влада се надева дека ќе се спогодат до самитот на Унијата.
Според анонимниот претставник, покрај пакетот мерки, камен на сопнување е и тоа како да се покрие трошокот на барањето на Грција да го одложи своето фискално прилагодување за две години, односно до крајот на 2016 година, што би чинело 12 милијарди евра.
XS
SM
MD
LG