Достапни линкови

Објавување на „Нобеловецот“ за мир


Денеска во Осло ќе биде објавен добитникот на Нобеловата награда за мир за 2012 година. Кристијан Харпвикен од Институтот за мир во Осло изјави дека негови фаворити се Џин Шарп, еден од најистакнатите борци за употреба на ненасилни методи, московскиот радио канал Радио Ехо, заедно со неговиот уредник, за нивниот придонес за слобода на медиумите и за отоворен дијалог во Русија, како и организацијата „Меморијал“ и една од нејзините најистакнати членови Светлана Ганушкина, кои беа многу важни во документирањето на историската злоупотреба и сегашната репресија во Русија и околните земји.
XS
SM
MD
LG