Достапни линкови

logo-print

Најмалку 10 милитанти загинаа во Пакистан


При напад на американско безпилотно летало врз пакистанскиот регион Баланд Кел загинаа најмалку 10 милитанти. Претходно денеска при два оддвоени напади во Пакистан загинале над 13 луѓе. Локалните власти соопштија дека при првиот напад во градот Сиби загинале најмалку 10 луѓе а биле ранети 24. Неколку часа подоцна експлодирала бомба на автопат при што загинале тројца полицајци и двајца други се ранети. Се уште никој не преземал одговорност за нападот.
XS
SM
MD
LG