Достапни линкови

Делавекурас: Скопје се уште не одговори на Меморандумот


Одлуката за одредување датум за почеток на пристапните преговори на Македонија ја носи Европскиот совет и државите членки, и Грција јасно ќе го изложи својот став на самитот на ЕУ во декември. Ова го изјави денеска портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи Григорис Делавекурас, коментирајќи го последниот извештај на Европската комисија за Македонија јавува новинската агенција МИА
Делавекурас потсетувајќи на Меморандумот изјави дека „Грција направи многу позитивен и конструктивен предлог за кој има позитивна реакција од сите страни“. Тој додаде дека се уште нема официјална реакција од Владата во Скопје иако еврокомесарот Штефан Филе изрази надеж дека Владата ќе одговори позитивно на Меморандумот. Делавекурас смета дека реакцијата за Меморандумот може да биде катализатор за да продолжиме понатаму.
XS
SM
MD
LG