Достапни линкови

logo-print

Пешевски:Невработеноста во време на криза Македонија ја оддржа на стабилно ниво


Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски денеска изјави дека Владата е задоволна од економскиот дел во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија. Тој додаде дека ЕК има определени забелешки кои веќе им се познати а тоа е високиот процент на невработеност, но во време на економска криза, како што вели, Македонија е една од државите кои успеа да го задржи на релативно стабилно ниво процентот на невработеност за разлика од голем број развиени држави во Европската унија.
Пешевски смета дека во над 20 поглавја од Извештајот што се однесуваат на економијата се нагласува дека има прогрес и оти политиките што ги води Владата се насочени кон стабилноста на државата.
XS
SM
MD
LG