Достапни линкови

УМС на УКИМ


Дарко Давитковски, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.
Дарко Давитковски, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.

Ако Медо беше „поддржувач“ на политиките на ДПМНЕ, овие отидоа неколку чекори понапред, унапредија делачи на партиски флаери и лепачи на партиски плакати да станат претседатели на СПУКМ, пишува претседателот на СДММ Дарко Давитковски во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Сè повеќе е јасно дека Македонија не е веќе Македонија. Не затоа што „чувај Боже“ премиерот се решил да го даде името(го правел тој тоа и досега), туку поради фактот што и едни обични избори за претседател на студентите не може да поминат без скандали и безобразно кршење на сите статутарни и законски рамки. Она што е најтрагично во целата оваа збрка е фактот што како никогаш досега владејачката партија најдиректно се вмешува во изборот на студентски лидер на најголемиот државен универзитет во земјата.
Истиот претседател чиј легитимитет е ставен под знак прашање, треба да организира легитимни избори за нов студентски претседател, во кои од самиот почеток постапката ја следат низа на контроверзности и неправилности и ја открија интелигенцијата на раководството на студентите.

Секако ова што денес се случува во СПУКМ има цела една низа на перверзии кои оваа власт ги правеше како увертира која несомнено влијаеше на ваквиот развој на настаните. Ќе се обидам накратко да направам една ретроспектива на случувањата.

Најпрвин, случајот „Медо“ кој на функцијата претседател доаѓа пред три години ќе остане втемелен во аналите на студентското движење како класичен пример на подлизурковска политика која изигрува верен пес, со задача да биде верен послушник на својот стопан, ВМРО-ДПМНЕ. Гледајќи го како ги задоволува интересите на партијата на власт едно време го сожалував „младиот лидер“ кој без ’рбетно одеше по министрите за образование, ги фалеше за нивната работа, кој како познавач на општо политичката состојба во државава го повика дури и Бранко Црвенковски во стилот „ај Бранко студентите бараат да излезеш на избори“.

За трагедијата да биде уште поголема, Живковски функцијата претседател ја држи една година по завршување на мандатот. Една година СПУКМ нема претседател, затоа што јасно кажува статутот на УКИМ член 356, дека мандатот е со траење од две години без право на реизбор. Ама ако ѝ врши работа на власта, може да си даде „грејс период“, што би рекол Живковски.

Не знам како само во негово време студентите еднаш не побара подобри услови во домовите, ваучери, бесплатен превоз, намалување на партиципација, подобрување на образовни програми, сепак сè тоа е споредно. И не било во програмата на ДПМНЕ: како од човек да направиш Пинокио.

Истиот претседател чиј легитимитет е ставен под знак прашање, треба да организира легитимни избори за нов студентски претседател, во кои од самиот почеток постапката ја следат низа на контроверзности и неправилности и ја открија интелигенцијата на раководството на студентите.
Да постоеше барем малку дигнитет во високото образование ќе очекував ректоратот на УКИМ да излезе со соопштение за досегашните активности на СПУКМ, да го поништи изборниот резултат и целата постапка и да распише вистински студентски избори, па и по цена на директно вмешување во работата на СПУКМ. Ама да не претеруваме со очекувањата. Ништо од ова не може да се очекува од Ректоратот.

Конкурсот кој беше објавен на страната на СПУКМ беше единствениот документ кој ѝ беше достапен на јавноста како официјален документ во врска со постапката. Останатите документи беа криени како државна тајна. Но под големиот притисок од јавноста и серијата протести правилникот беше објавен од страна на СПУКМ односно даден на новинари.

Со свој камен по глава... Правилникот кој беше даден од страна на „Медо“ се повикуваше на членови во статутот на УКИМ кои НЕ ПОСТОЈАТ, член 392 и член 395. И само од тоа може да се стави под знак прашање целата изборна постапка.

За кандидатите сметам дека и не треба да пишувам. Што повеќе да се каже освен Браво Медо, успеа да најдеш и бетер од тебе. Ако Медо беше „поддржувач“ на политиките на ДПМНЕ, овие отидоа неколку чекори понапред, унапредија делачи на партиски флаери и лепачи на партиски плакати да станат претседатели на СПУКМ.

Драги мои, некогашниот студентски сојуз претставувал трн во окото на секоја власт. И покрај фактот што речи си секоја власт се обидувала на еден или на друг начин да влијае на изборот на раководството, Студентскиот сојуз се борел да биде трета сила во државата. Денес сме сведоци на едвај 10.000 студенти кои се излезени на гласање да треба да бидат гласот за 50.000 студенти на УКИМ. Се прашувам какво општество очекуваме да изградиме кога не се ни обидуваме да ги спречиме во уништувањето на младинскиот активизам.

Да постоеше барем малку дигнитет во високото образование ќе очекував ректоратот на УКИМ да излезе со соопштение за досегашните активности на СПУКМ, да го поништи изборниот резултат и целата постапка и да распише вистински студентски избори, па и по цена на директно вмешување во работата на СПУКМ. Ама да не претеруваме со очекувањата. Ништо од ова не може да се очекува од Ректоратот.

Спротивно на тоа, не само што очекувам, туку и ги повикувам младите да му застанат на патот на манипулирањето на студентското движење во Македонија и уште похрабро и помасовно да се борат за својата иднина!
XS
SM
MD
LG