Достапни линкови

Авиокомпании ги откажаа летовите кон Техеран


Таџикистанската државна авиокомпанија им се приклучи на приватните авиокомпании од Таџикитан и ги суспендира летовите до Техеран поради девалвацијата на иранската валута – риал. Портпаролот на авиокомпанијата соопшти дека закажните летови кон Техеран ќе бидат откажени но не соопшти до кога ќе трае суспензијата. Причината за тоа е наведено дека е тоа што техранскиот аеродром бара од авиокомпаниите да плаќаат за гориво во странски валути но картите за летовите во Техеран се продаваат во итанска валута риал кои тешко се менуваат. Иранската валута во последниве неколку недели изгуби 30 проценти од својата вредност. Од истата причина уште неколку авиокомпании ги суспендираа летовите до Техеран меѓу кои и британска и малезиска авиокомпанија.
XS
SM
MD
LG