Достапни линкови

Соренсен: Политичарите во БиХ се виновни за извештајот


Специјалниот претставник на Евроспката Унија во БиХ Петер Соренсен изјави денеска дека силната декларативна поддршка за членство на БиХ во ЕУ не е пропратена од политичка волја и дека домашните политичари се виновни за се што е наведено во извештајот за напредокот на БиХ. Тој додаде дека извештајот во главно е негативен и го враќа евроинтегративниот процес на БиХ на самиот почеток.
Тој по неговата средба со претседателот на Република Српска Милорад Додиќ изјави дека мора во скора иднина да се добие согласнот од сите политички партии за да се рестартира евроинтегртивниот процес.
Соренсен истакна дека БиХ не ги исполнила обврските во роковите кои биле детерминирани на состанокот со европските претставници и политичките лидери во јуни.
Додиќ ги повика политичките лидери на БиХ да сторат се што е потребно за да се решат отворените прашања за да може земјата да добие кандидатски статус.
XS
SM
MD
LG