Достапни линкови

Путин ја откажа посетата на Анкара


Рускиот претседател Владимир Путин ја одложи планираната посета на Турција откако денеска турски воени авиони го пресретнале сирискиот патнички авион кој летал од Москва за Дамаск. Причината за сомневањето на акцијата на Туција било дека авионот превезува оружје за сириската влада.
Портпаролот на Крељм Димитри Пешков за новинската агенција Франс прес изјави дека посетата на Анкара ќе биде презакажена за некој друг ден. Путин при посетата на требало да учествува на состанокот за соработка кој ќе се оддржи на 15 октомври во Анкара.
ПО инцидентот Москва побара објаснување од Анкара за задржувањето на сирискиот патнички авион додека Сирија ја обвини Турција за воздушно пиратство.
XS
SM
MD
LG