Достапни линкови

Насилни протести во Киргистан


Полицијата во киргистанскиот град Ош ги растерале 400- те демонстранти кои излегле на протести во знак на поддршка на тројцата притворени членови на Парламентот. Локалните власти соопштија дека при судирите со полицијата биле повредени 4 полицајци. Протестите станале насилни откако безбедносните сили не им дозволиле да ги постават традиционалните номадски шатори на плоштадот каде што сакале да штрајкуваат со глад.18 жени започнале штрајк со глад во градот Џалал Абад при што барале политичарите да бидат ослободени.
Притворените пратеници се опозициски лидери и се обвинети за нарушување јавен ред и мир.
XS
SM
MD
LG