Достапни линкови

МВР со посебни мерки за утрешниот натпревар


Министерството за внатрешни работи најави дека ќе бидат преземни посебни безбедносни мерки со цел непречено организирање и одигрување на претстојниот фудбалски натпревар меѓу Македонија и Хрватска закажан за утре во 20,30 часот на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.
Утре од 12 часот ќе биде затворен сообраќајот во околината на стадионот и ќе биде расчистен паркинг просторот во околината.
МВР апелира до граѓаните, особено оние коишто со возила ќе се упатуваат кон националната арена, во посочениот период од 17 часот да ги почитуваат сообраќајните правила и да ги паркираат своите возила на дозволени паркинг простори.
XS
SM
MD
LG