Достапни линкови

Изборен законик за одвојување на државата од партијата


Macedonia -- parliamentary elections in 2011, where?, 05Jun2011
Macedonia -- parliamentary elections in 2011, where?, 05Jun2011

Расправата меѓу власта и опозицијата како да стигнат до европски Изборен законик се води во жешка атмосфера во комисиите.

Потребата од имплементирање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР во изборниот законик кои главно се однесуваат на тоа да се исчисти избирачкиот список и да се одвои државата од партиите е засилена и со тоа што Македонија во неколку наврати добива предолг од ЕК за добивање датум за преговори, велат експертите.
Навистина е потребно изборниот процес да се дистанцира од државата и од носителите на јавните функции. Во тој контекст би требало да се почитуваат тие одредби дадени од страна на ОБСЕ/ОДИХР.
Саво Климовски, универзитетски професор.

Расправата меѓу власта и опозицијата како да стигнат до европски Изборен законик се води во жешка атмосфера во комисиите, бидејќи опозицијата тврди дека државата се става во функција на партијата на власт, а мнозинството смета дека со нивниот предлог таа сака да го спречи функционирањето на државата за време на избори.

Професор Саво Климовски од Правниот факултет во Скопје, вели дека кога и ОБСЕ/ОДИХР кажале дека има потреба да се имплементираат препораките, тогаш очигледно дека тоа е пракса.
Тие партии ги подготвуваат изборите и многу полесно манипулираат и со изборните листи и со другите механизми кои власта најдобро ги користи. Мислам дека ако опозицијата остане на тоа што веќе е кажано, тогаш конечно ќе добиеме предуслови кои ќе гарантираат фер и демократски избори.
Исмет Рамадани, политички аналитичар.

„Навистина е потребно изборниот процес да се дистанцира од државата и од носителите на јавните функции. Во тој контекст би требало да се почитуваат тие одредби дадени од страна на ОБСЕ/ОДИХР.“

За време на расправите во комисиите, опозицијата излезе со став дека за коректни избори не се доволни само квалитетен Изборен законик и чист избирачки список, туку дека најважно е дали кај власта постои политичка волја за спроведување фер изборен процес. Со амандмани, опозицинерите бараат Владата со државни пари да не прави кампањи, односно пред избори да нема сечење ленти, удирање на камен темелници и вонредна исплата на социјална помош и пензии, а доколку министрите и премиерот се огрешат, наместо прекршочно, да одговараат кривично со затворска казна.

„Во принцип никој не би признал дека со државни пари правел кампањи, секоја влада тоа го негирала, е сега е прашање дали тоа ќе биде само декларативен принцип или, пак, можеби за тоа некој некогаш ќе одговара. Во секој случај, ако тоа го бараат од нас, мислам дека треба да се внесе, а како ќе биде во пракса не можам да коментирам“, вели професор Климовски.

Изминатите изборни циклуси покажуваат дека, и покрај законите, партиите што се на власт и понатаму ќе настојуваат да избегнат да направат нешто што не им овозможува да бидат фаворите на избори, коментира политичкиот аналитичар и поранешен пратеник Исмет Рамадани. Според неговите зборови, опозицијата треба да има централна улога во носењето на Изборниот законик.

„Тие партии ги подготвуваат изборите и многу полесно манипулираат и со изборните листи и со другите механизми кои власта најдобро ги користи. Мислам дека ако опозицијата остане на тоа што веќе е кажано, тогаш конечно ќе добиеме предуслови кои ќе гарантираат фер и демократски избори.“

Иако се влезени во законодавниот дом, изборните правила не се дефинитивни. Опозицијата најави дека нема да прифати избори кои би се одвивале по закон што не ги има имплементирано сите препораки од ОБСЕ/ОДИХР и од Европската комисија.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG