Достапни линкови

Говорот на омраза потекнува од политичките елити


Опасна е тенденцијата на засилено користење на говорот на омраза кој почнува од самите настапи на претставниците на народот во Парламентот, па се до политичките дебати и прес-конференциите, предупредуваат експертите.

Во општество мултиетничко и поделено по многу основи, прилично е опасна тенденцијата на засилено користење на говорот на омраза кој почнува од самите настапи на претставниците на народот во Парламентот па се до политичките дебати и прес-конференциите, предупредуваат експертите.
Бидејќи имунитетот кај нас е многу ригидно уреден и не допушта никакви евентуални мерки против изразувањето на мислења на собраниската говорница. Тоа е би рекол дури и еден анахрон институт во нашиот устав.
Насер Зибери, политички аналитичар.

Оваа тема е малку отворана кај нас за разлика од другите држави, имено и поради стравот дека самото тоа може да поттикне конфликтност, но и поради законската регулатива која е прилично крута во однос на обезбедувањето на пратеничкиот имунитет, вели аналитичарот Насер Зибери.

„Бидејќи имунитетот кај нас е многу ригидно уреден и не допушта никакви евентуални мерки против изразувањето на мислења на собраниската говорница. Тоа е би рекол дури и еден анахрон институт во нашиот устав.“
Кога се напаѓа, кога се брани некој став, тоа треба да се прави со аргументи и со докази, а не да се прави само со клевети и со навреди, коишто само пренесуваат една некултура и не покажуваат решенија коишто можат да го прикажат имиџот и на самиот политичар и на самата партија.
Билјана Петровска, комуниколог.

Обратно од нашата земја, во многу земји во светот тренд е ограничувањето на прашањето на имунитетот кај носителите на јавни функции преку измени на законите со цел тој да не се злоупотребува. Пратеничкиот имунитет не смее да ги иззема пратениците ако тие користат говор кој поттикнува верска, национална или расна омраза, беше порачано и од тркалезната маса која неодамна ја организираше на оваа тема Академијата на судии и јавни обвинители. Оттука, како што посочува Зибери, неопходни се интервенции во Уставот каде што е регулирано прашањето на пратеничкиот имунитет.

За комуникологот Билјана Петровска, пак, подеднакво важно е да се работи на развивањето на политичката култура.

„Кога се напаѓа, кога се брани некој став, тоа треба да се прави со аргументи и со докази, а не да се прави само со клевети и со навреди, коишто само пренесуваат една некултура и не покажуваат решенија коишто можат да го прикажат имиџот и на самиот политичар и на самата партија.“

Во сето ова, додава Петровска, голема улога имаат и новинарите за кои не треба најпривлечни да бидат токму таквите изјави на политичарите кои содржат говор кој ги разгорува нетрпеливоста и конфликтноста.

Во спроведената анализа на Академијата на судиите и јавните обвинители во соработка со ОБСЕ беше потенцирано и дека е дојдено крајно време кога и во нашата држава треба да се создаде еден конзистентен концепт втемелен во Уставот од кој ќе произлезат правни рамки и обрасци за решавање на проблемите од ваков тип, зошто засега сме потпрени само на политичките договори со кои проблемите очигледно не можат подолгорочно да се средат. Истовремено, експертите сè погласно апелираат дека формираните тела и комисии кои ја опфаќаат оваа проблематика не треба да постојат само формално туку и реално да се ангажираат околу справувањето со овие проблеми.
XS
SM
MD
LG