Достапни линкови

Дачиќ и по разговорите со Филе без промена на ставовите


Српскиот премиер Ивица Дачиќ, по денешните разговори во Белград со евро-комесарот за проширување Штефан Филе, изјави дека Србија е подготвена за политички и технички дијалог со Приштина, но оти Србија не може да ги прифати условите кои би значеле признавање на Косово. Дачиќ истакна дека Белград очекува разбирање од Европската Унија за специфичните проблеми со кои се соочува Србија, како на пример со Косово и оти во разговорите со Филе биле разјаснувани некои позиции за да се избегнат различните толкувања.
XS
SM
MD
LG