Достапни линкови

Лагард: Потребни се итни мерки за глобалната економска криза


Шефицата на Меѓународниот Монетарен Фонд, Кристин Лагард ги повика државите на дополнителни и итни мерки за надминување на глобалните економски проблеми. На Годишниот состанок на ММФ и Светска Банка, што се одржува во Токио, Лагард оцени дека голема промена во последнава година е тоа што глобалниот економски застој не ги засега само развиените економии, туку и оние во развој. Таа побара да им биде дадено повеќе време на Шпанија, Португалија и на Грција за да ги стабилизираат домашните економии.
XS
SM
MD
LG