Достапни линкови

Попоски: Државата има капацитет да ги отпочне преговорите со ЕУ


Никола Попоски, министер за надворешни работи на РМ

Никола Попоски, министер за надворешни работи на РМ

Република Македонија по четврти пат добива позитивен Извештај и таа е подготвена да ги започне преговорите за членство во Европската унија, се вели во писмената изјава на министерот за надворешни работи Никола Попоски.
Четвртата по ред препорака уште еднаш потврдува дека Република Македонија има капацитет, кадровски и организациски да ги отпочне пристапните преговори за членство во ЕУ и повикува тоа да и се овозможи, смета Попоски.
Попоски се согласува со Европската комисија, дека придвижувањето на Македонија во следната фаза од пристапниот процес е неопходност.
„Почетокот на преговорите, ќе придонесе за создавање поволни услови за решавање на отворените билатерални прашања кои не треба не треба да го задржуваат пристапниот процес”, вели Попоски.
XS
SM
MD
LG