Достапни линкови

logo-print

Македонија го празнува 11 октомври


Македонија ја одбележува годишнината од почетокот на народноослободителното востание против фашизмот. По повод 11 Октомври-Ден на востанието, синоќа во Домот на АРМ се одржа свечена академија на која се обрати претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Тој рече дека 11 Октомври е денот кога беше извојувана една од последните големи историски битки на народот на Македонија, и овој ден, го означува почетокот на конечната борба за слобода на Македонија.
“Во модерна Македонија совршено јасно се отсликуваат вредностите кои ги имаат втемелено учесниците во Народноослободителната борба, а ние денес живееме токму по начинот за кој тие се залагале, македонскиот народ живее во мир со сите народи кои ги почитуваат принципите на братство, еднаквост и солидарност. Взаемната почит е темел за добри односи и добар соживот”, истакна Вељановски.
Во градовите во кои пукна првата пушка, во Прилеп и Куманово денеска ќе бидат одржани повеќе настани за одбележување на денот.
XS
SM
MD
LG