Достапни линкови

Филе во посета на Белград


Европскиот комесар за проширување Штефан Филе денеска е во посета на Белград. Како што е најавено тој ќе разговара со српските официјални претставници околу годинашниот извештај за напредокот на Србија во процесот на евроинтеграциите. Филе ќе се сретне со претседателот Томислав Николиќ и со вицепремиерката за европски прашања Сузана Грубјешиќ. Презентирајќи го извештајот вчера, Филе рече дека Европската Унија ќе предложи датум за отпочнување преговори на Србија штом процени дека е остварен видлив напредок во односите со Приштина.
XS
SM
MD
LG