Достапни линкови

Стандард и Пурс го намали кредитниот рејтинг на Шпанија


Американската агенцијата за кредитен рејтинг, Стандард и Пурс, го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Шпанија за два степена, веднаш над несаканата состојба. Долгата рецесија, високата невработеност и социјални немири се лимитирачки опции на владата да се справи со финансиска криза во земјата. Оваа агенција сега го рангира долгот на Шпанија на статусот за најниско ниво на инвестиции. Уште помал рејтинг од моменталниот би можел дополнително да ја зголеми и онака високата стапка на задолжување на Мадрид.
XS
SM
MD
LG