Достапни линкови

Американската анти допинг агенција го објави извештајот против Армстронг


Американската анти-допинг агенција соопшти дека велосипедистот Ленс Армстронг и неговиот тим учествувале во една од најсофистицираните допинг програми што светот ги познава. Агенцијата објави 200 страници од својот извештај против Армстронг, вклучувајќи го и сведоштвото на 11 поранешни соиграчи. Во извештајот се обвинува Армстронг за зависноста од допинг за да ги реди своите победи и безмилосно да очекува и да бара од своите соиграчи да го сторат истото. 41-годишниот велосипедист од Тексас кој преживеа рак, негираше дека лажел. Неговата кариера е проследена со обвинувања за мамење откако тој го освои Тур де Франс рекордни седум пати, помеѓу 1999 и 2005 година.
XS
SM
MD
LG