Достапни линкови

Уапсени пет лица поради тероризам во БиХ


Босанската Државна агенција за истрага и заштита (СИПА) во соработка со Агенцијата за разузнавање и безбедност (ОСА) и Оперативната група за борба против тероризмот, уапсила пет лица во Босна и Херцеговина под сомнеж за поврзаност со тероризам.
Во рамките на операцијата за откривање на материјални докази извршени се претреси во осум станови и други објекти, кои биле користени од страна на приведените.
Уапсените лица, за кои се верува дека извршиле кривично дело јавно поттикнување на терористички активности, се предадени на понатамошна постапка на Обвинителството на БиХ.
XS
SM
MD
LG