Достапни линкови

Турција смета дека извештајот на ЕК за напредокот „не е балансиран“


Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека извештајот на ЕК за напредокот на Турција „не е балансиран“.
Како и во претходните години во извештајот се акцентираат негативните моменти, отколку позитивните, се вели во соопштение на турското МНР.
Во исто време во текстот се посочува дека Турција решително продолжува со напорите за членство во ЕУ и ќе продолжи да извршува реформи поради очекувањата на турските државјани.
Tурскиот министер за ЕУ Егемен Багаш изјави дека Турција е разочарана од содржината на извештајот во делот, поврзан со политичките односи.
XS
SM
MD
LG