Достапни линкови

Бугарија воведува данок на камати по основ на депозити


Бугарија планира да воведе даночна стапка од десет отсто на приходот од каматите по основ на депозити, за да ги зголеми буџетските приходи за 2013 година, изјави бугарскиот министер за финансии Симеон Ѓанков.
Вкупните депозити на банкарскиот сектор на Бугарија до 31 јули достигнаа рекордни 17,5 милијарди евра, покажуваат податоците на Бугарската национална банка.
Аналитичарите тврдат дека во последните неколку години е забележан се поголем број луѓе кои оставиле пари во банките поради неизвесноста во поглед на економијата, како и поради атрактивните каматни стапки од околу пет отсто.
Ѓанков денеска изјави дека новите даноци ќе ги погодат богатите граѓани.
XS
SM
MD
LG