Достапни линкови

Грција и Турција ќе ги подобруваат односите


Грција и Турција денеска изразија уверување дека ќе продолжат со напорите за приближување, кои се во застој пoради економската криза што ја погоди Грција. На денешната средба на грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос со неговиот турски колега Ахмет Давутоглу во Атина, Аврамопулос изјави дека е оптимист оти односите меѓу Грција и Турција ќе служат како пример за соработка и оаза на безбедноста и пријателството.
Тема на нивните разговори денеска беа големиот прилив на имигранти и бегалци кои бараат азил во Грција преку границата со Турција, кипарското прашање и ситуацијата во Сирија.
Претходно Давутоглу се сретна и со премиерот на Грција Андонис Самарас и со претседателот на парламентот Евангелос Мејмаракис.
XS
SM
MD
LG