Достапни линкови

Груевски: Меморандумот е обид за комуникација на Грција


Премиерот Никола Груевски денеска изјави институциите во земјава акумулиираа доволно знаење и се подготвени во секој момент за да се отпочнат преговорите со ЕУ.
Тој на прес конфренцијата откако го прими извештајот за напредокот на Македонија од евроамбасадорот Аиво Орав новинарското прашање зошто оваа препорака која доаѓа по 4- ти пат е подобра од претходните кога содржи рамка за преговорите со името одговори дека во овој извештај е забележан најголем напредок а што се однесува до јужниот сосед Владата го поздравува обидот за воспоставување на комуникација со меморандумот додавајќи дека во иднина се надева оти таа комуникација ќе биде посуштинска.

Груевски во својот воведен говор истакна дека еднствената цел на Македонија е отпочнување на преговорите и се надева дека сите земји членки на Европскиот Совет во декември ќе ги поддржат тие напори како што досега не поддржува Европската Комисија. Тој го поздрави извештајот и 4- тата по ред препорака за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ.

Груевски изјави дека владата ќе го анализира детално извештајот и ќе продолжи со усогласувањето на македонското со европското законодавство.
Македонија секогаш беше и ќе биде активен чинител на регионалните иницијативи и добрососедските односи, додаде Груевски.

Во подготовките на извештајот на ЕК во фокусот беше регионалната соработка и добрососедските односи, како и економската и финансиската стабилност изјави евроамбасадорот Аиво Орав. Тој истакна дека дијалогот на високо ниво помогна да се фокусира земјата на реформите кои се најтешки за споведување. Орав додаде дека годинава 4-тата препорака за почеток на преговори е спакувана поинаку од досегашните.

На вчерашната владина седница Владата донела заклучок за изработка на нов патоказ кој што ќе произлезе од забелешките од Извештајот. Вицепремиерката за евроспки парашања Теута Арифи во наредните три недели ќе има задача да го изготви патоказот и презентира пред владата и останатите институции
XS
SM
MD
LG