Достапни линкови

Хрватска доби нови десет задачи од ЕК


Хрватска доби нови десет задачи кои Загреб би морал да ги исполни пред пристапувањето во Унијата.Еврокомесарот Штефан Филе изјави дека Хрватска треба да насочи „засилено внимание“ за да ги заврши подготовките на време, при што тоа би било констатирано во извештајот за мониторингот кој ЕК ќе го претстави на пролет 2013 година.Десетте задачи се однесуваат на три поглавја: пазарна конкуренција, правосудство и темелни права, слобода и безбедност.
ЕК бара јакнење на ефикасноста на правосудството и намалување на бројот на заостанати судски предмети, прифаќање на законите за да се обезбеди спроведување на судски одлуки, воспоставување комисија за судир на интереси и нов закон за правото на пристап до информации.
XS
SM
MD
LG