Достапни линкови

Орав му го врачи извештајот на Иванов


Претседателот Ѓорге Иванов денеска го прими евроамбасадорот Аиво Орав, кој му го врачи Извештајот за напредокот на Македонија подготвен од Европската комисија. Во соопштението од Кабинетот на претседателоте е наведено дека Иванов истакнал дека Извештајот на Европската комисија и годинава дава реална слика на сработеното и на постигнувањата на земјата, и изразил задоволсто од оценките и потврдената препорака за почеток на пристапните преговори со Европската унија.
Иванов изразил уверување дека на следниот Европски совет, членките на ЕУ ќе покажат лидерство и решителност, и ќе се помести статус кво состојбата во македонските интеграции.
XS
SM
MD
LG