Достапни линкови

Панета со ново барање до НАТО


Американскиот секретар за одбрана Леон Панета ги повика сојузниците во НАТО да помогнат да се надополни недостигот на безбедносни сили во Авганистан. Тој пред почетокот на состанокот на министерите за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел изјави дека побарал американските безбеносни сили да обезбедат 58 тимови кои се потребни за да се зајакне капацитетот на авганистанските сили кои треба да ја преземат безбедносната контрола во земјата до крајот на 2014 година.
Панета изјави дека ефективни мерки се преземени за стопирање на внатрешните напади на војниците на алијансата.
Најмалку 52 членови на ИСАФ мисијата предводена од НАТО силите беа убиени годинава при инсајдерски напади кои ги извршиле членови на авганистанските сили .
XS
SM
MD
LG