Достапни линкови

Дачиќ: Почесно ќе беше ЕК да побара Србија да го признае Косово


Српскиот премиер Иваица Дачиќ изјави дека барањето Србија да го почитува територијалниот интегритет на Косово кој се наоѓа во извештајот на Европската Комисија може да доведе до затварање на дијалогот на Белград и Приштина.
Тој на прес конференцијата во Владата изјави дека можеби е почесно од Србија да се бара да го признае Косово отколку да го признае државниот интегритет. Тој додаде дека е вознемирен од барањето кое наместо да помогне да се рестартира дијалогот тоа може да го затвори.
Тој додаде дека извештајот за напредокот на Србија е и понатака реална слика за состојбите во земјата но во документите за стратегијата за проширување на ЕУ се подразбира и територијалниот интегритет.
XS
SM
MD
LG