Достапни линкови

Филе - Преговорите да почнат, компромис за името е клучен


Eврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Eврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Комисијата е подготвена без одложување да презентира предлог за преговарачката рамка, која исто така ја зема предвид потребата да се реши прашањето за името во раната фаза на преговорите за пристапување, рече еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Македонија по четврти пат доби препорака за почеток на преговорите за членство во Европската унија. Во најновиот извештај за напредокот на нашата земја, Комисијата заклучува дека земјава успешно ги спроведува политичките критериуми за членство. Сепак, укажува на потребата од имплементирање на реформите во областите владеење на правото, слобода на изразување и меѓуетничките односи.
Комисијата е подготвена без одложување да презентира предлог за преговарачката рамка, која исто така ја зема предвид потребата да се реши прашањето за името во раната фаза на преговорите за пристапување.

„Комисијата силно верува дека напредувањето на процесот на пристапување на земјата во следна фаза е потребно со цел да се консолидираат темпото и одржливоста на реформите, особено во однос на владеењето на правото, како и за зајакнување на меѓуетничките односи, од кое регионот како целина ќе има корист“, изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Комисијата смета дека преговорите треба да почнат, но клучно е наоѓањето компромисно и заедничко прифатливо решение за името. Филе додаде дека мора да осигураат дека европската перспектива на земјата е реална. Додаде дека отворањето на преговорите од страна на Европскиот совет ќе помогне за создавање услови за решавање на спорот за името.
Не правиме компромис околу добрососедските односи, ниту каков било компромис за решение за спорот за името кој е суштински за натамошен прогрес. Ново е тоа што ја истакнуваме потребата од решавање на овие прашања во првата фаза од пристапните преговори.

„Комисијата е подготвена без одложување да презентира предлог за преговарачката рамка, која исто така ја зема предвид потребата да се реши прашањето за името во раната фаза на преговорите за пристапување“, рече Филе.

Комисијата нагласува дека одржувањето на добрососедски односи останува од суштинско значење. На прашањето како ќе ја натераат Атина да го смени своето однесување во однос на прашањето за името, Филе одговори:

„Ние не бараме да го сменат нивното однесување. Не правиме компромис околу добрососедските односи, ниту каков било компромис за решение за спорот за името кој е суштински за натамошен прогрес. Ново е тоа што ја истакнуваме потребата од решавање на овие прашања во првата фаза од пристапните преговори.“
Секогаш сум реагирал и ќе продолжам да реагирам кога се посегнува по кој било дел од нашиот идентитет, затоа што идентитетот спаѓа во оние базични категории за кои не може да правите компромис со никого.

Филе го поздрави предлог меморандумот за разбирање од страна на Аврамопулос меѓу двете земји и додаде дека се надева дека Скопје ќе одговори позитивно на ваквите иницијативи што, пак, ќе создаде подобра атмосфера меѓу двете страни за конечно решавање на билатералниот спор.

Во годинашниот извештај вратена е и придавката македонски. Претседателот Ѓорге Иванов тоа го оцени како резултат на неговите реакции до европските дипломати.

„Секогаш сум реагирал и ќе продолжам да реагирам кога се посегнува по кој било дел од нашиот идентитет, затоа што идентитетот спаѓа во оние базични категории за кои не може да правите компромис со никого. И затоа тоа треба да биде пример секојпат кога настојуваме нешто што е наше, а што им припаѓа и на други, а нам ни е ускратено, мора вака да се реагира“, изјави претседателот Иванов.

Македонија го доби кандидатскиот статус во 2005, а четири години подоцна и оценката дека ги исполнила политичките критериуми за отворање на преговорите за членство. Препораката се повторува, но заедно со стандардните забелешки дека се потребни засилени реформи во судството, администрацијата, состојбата со медиумите, борбата против корупцијата.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG