Достапни линкови

Протести во Пакистан во знак на осуда за застреланото девојче


Неколку стотици луѓе излегоа на протести во пакистанската провинција Пешавар поради нападот на пакистанското девојче кое пишувало на нејзниниот блог против злосторствата што ги вршеле Талибанците во Пакистан. 14 годишната Малала Јусуфзаи била застрелана во главата додека одела до автобуската станица, таа е хоспитализирана и е во стабилна здравствена состојба. Талибанците ја преземаа одговорноста за нападот. Демонстрантите држеле транспаренти со слогани дека го осудуваат тероризмот и бараат безбедна иднина за нивните деца. Претходно со осуда за инцидентот излезе и САД.
XS
SM
MD
LG