Достапни линкови

Иванов: Вредеа политичките битки за да се врати „македонски“ во извештајот


Претседателот Ѓорѓе Иванов изјави денеска дека вределе сите настојувања и политички битки за да се врати „македонски“ во извештајот. Тој на маргините на одбележувањето на 45 годишнината од формирањето на МАНУ изјави дека секогаш реагирал и ќе реагира кога се посегнува по кај било дел од македонскиот идентитет, затоа што идентитетот спаѓа во оние базични категории за кои не може да правите компромис со никого.
Иванов минатата година испрати писмо до претседателот на Комисијата Жозе Мануел Баросо во кое наведе дека изоставувањето на придавката „македонски “ ги ги навредува чувствата на македонскииот народ и дека тоа не помага ниту за изнаоѓање решение за наметнатиот спор за името од страна на Грција.
XS
SM
MD
LG