Достапни линкови

НАТО ќе го намали контигентот на Косово кога ќе има услови за тоа


НАТО ќе продолжи со намалување на контингентот на Косово, во кој во моментов има околу шест илјади војници, кога околностите ќе го дозволат тоа, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен. Тој по дискусијата за систуацијата на Косово на средбата на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО истакна дека одлуката за Косово е донесена од министрите без голема дискусија .
Расмусен оцени дека ситуацијата на Косово во сферата на безбедноста е значително е подобрена и благодарение на заедничките напори на мисијата на НАТО, КФОР и на Европската унија, ЕУЛЕКС. Тој додаде дека силите на КФОР во голема мера за извршиле својата работа гарантирајќи им на жителите на Косово безбедност и поголема слобода на движење.
XS
SM
MD
LG