Достапни линкови

Иванов: МАНУ треба да ги отвори вратите за современи научни дисциплини


Претседателот Ѓорѓе Иванов на денешното одбележување на 45 годишнината од постоењето на МАНУ ја има историската можност да биде генератор за развојот на науката и научната дејност во Македонија. Тој во своето свечено обраќање изјави дека академиите не се само место за складирање на знаењето, туку институции за нудење решенија за проблемите и предизвиците на оваа и идните генерации и затоа, неопходно е да се отвори вратата за современите научни дисциплини кои не се изградени околу функциите и институциите, туку околу проблемите, резултатите и решенијата.
Претседателот на МАНУ Владо Камбовски изјави дека програмската ориентација на МАНУ мора да биде уште повеќе насочена кон отворените проблеми и перспективи на развитокот на македонското општество.
Во оваа пригода признание „Блаже Конески“ за придонесот во афирмирање на македонскиот јазик и литература им беше поделено на Олга Панкина од Русија, Петар Рау од Германија и Зденка Рибарова од Чешка.
XS
SM
MD
LG