Достапни линкови

Турција се закани со поостри напади врз Сирија


Турција ќе одговори со поголема сила ако продолжат нападите од Сирија, изјави денеска началникот на генералштабот на турската армија Неџдет Јозел.
Во минатата недела турската армија гранатираше сириски цели откако проектили истрелани од Сирија паднаа на територијата на Турција. На трети октомври сириска граната, што падна врз турскиот пограничен град Акчакале усмрти пет цивили, а 13 беа повредени.
XS
SM
MD
LG