Достапни линкови

Западен Балкан, ограничен напредок кон ЕУ


Што содржи најновиот извшетај на Европската комисија за напредокот на земјите кои сакаат да станат членки на Европската унија?

Европската комисија во најновиот извештај за напредокот на земјите кои сакаат да станат членки на Европската унија, меѓу другото, предлага условен кандидатски статус за Албанија, зелено светло за почнување преговори за стабилизација и асоцијација со Косово, подобрување на односите на Белград со Приштина како услов за почеток на преговорите на Србија со Унијата и недоволен прогрес во Босна и Херцеговина.

Исто така, се истакнува задоволството од преговорите со Црна Гора, како и она што уште треба да го стори Хрватска за во јули идната година да стане членка на Унијата.
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе


Доброто раководење, владеењето на правото, капацитетот на администрацијата, невработеноста, економските реформи и социјалната вклученост остануваат главни предизвици во повеќето земји на Западен Балкан, се наведува во најновиот извештај на Европската комисија во кој, како најголеми пречки се истакнуваат корупцијата и организираниот криминал, но и слободата на изразување.

Притоа се наведува дека Европската комисија ќе се фокусира врз правниот систем и борбата против организираниот криминал и корупцијата на Косово каде што загрижува големата невработеност и сиромаштијата.

Што се однесува до Србија која во март годинава доби кандидадски статус во извештајот се посочува дека таа има постигнато извесен напредок, но оти Белград треба да ги подобрува секојдневните односи со Приштина.
Добри оценки скоро во сите сфери, освен во политичката, доби и Турција. Европската комисија констатира дека таму недоволно се почитуваат човековите права и слободата на изразување.

Најголеми падови на сите полиња, Европската комисија констатира во Босна и Херцеговина. Нејзиниот напредок кон Унијата е запрен поради 16 месечниот политички ќорсокак по изборите во 2010 година и таа земја има слаби демократски институции и никакви уставни реформи.

Од друга страна, во Албанија, како што оценува Комисијата, е забележано подобрување откако политичките партии во ноември лани ги оставија настрана нивните недоразбирања. Во извештајот се додава дека финалната одлука за добивање кандидатски статус за Албанија ќе биде донесена во декември и оти парламентарните избори напоролет ќе бидат важен тест за новите изборни закони.

Црна Гора исто така има постигнато напредок, но со забелешка дека треба ја подобри истрагата за случаите на организиран криминал за кои се сомничат високи политички личности.

Комисијата усвои одвоен документ за Хрватска, односно извештај за надѕорот на она што уште треба да го направи таа земја во спроведувањето на реформите за да може во јули идната година да стане членка на Унијата.

Добри оценки скоро во сите сфери, освен во политичката, доби и Турција. Европската комисија констатира дека таму недоволно се почитуваат човековите права и слободата на изразување. Секако спомнато е и неопходното нормализирање на односите со Кипар.
Европската комисија ќе го прилагоди економскиот надѕор врз земјите кандидати и ќе организира специјални министерски средби со нив на кои ќе бидат одобрувани нивните планови за реформи во економската и фискална политика.

Конечно, Исланд е на врвот. Оваа земја добро напредува, со извесни забелешки во финансискиот сектор и слободното движење на капиталот.

Редовниот годишен извештај за проширувањето на Европската унија годинава доаѓа во време кога повеќето земји во Унијата се соочуваат со рецесија и со зголемена невработеност.

Во извештајот се додава дека Европската комисија ќе го прилагоди економскиот надѕор врз земјите кандидати и ќе организира специјални министерски средби со нив на кои ќе бидат одобрувани нивните планови за реформи во економската и фискална политика.

Комисијата наведува дека има намера од 2014 до 2020 година за проширувањето да потроши над 14 милијради евра, што е за околу 2 ипол милијарди евра повеќе од претходниот буџет.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG