Достапни линкови

МАНУ да се ослободи од политички канџи


Од изборот на нови редовни членови на МАНУ.

Од изборот на нови редовни членови на МАНУ.

МАНУ треба да биде синоним за врвно знаење, да дава свои оценки и видувања за современите случувања, треба да биде носечки фактор за смирување на состојбите, затоа е потребно политиката да се тргне од науката.

Политичарите треба да се занимаваат со политика, а науката да им се остави на научниците, вели професор Лазар Лазаров за улогата на Македонската академија за науки и уметности во македонската историја. МАНУ треба да биде синоним за врвно знаење не само за науката и историјата, тука да дава свои оценки и видувања и за современите случувања, треба да биде носечки фактор за смирување на состојбите, вели професор Лазаров.
За жал кај нас политиката има силно влијание, не само што се меша, туку има силно влијание и врз науката и во економијата и во другите области. Тоа не е логично во другите земји. Кај нас треба да се остави науката да се остави да си ја водат научниците, а политичарите да си ја тераат својата политика.

„За жал кај нас политиката има силно влијание, не само што се меша, туку има силно влијание и врз науката и во економијата и во другите области. Тоа не е логично во другите земји. Кај нас треба да се остави науката да се остави да си ја водат научниците, а политичарите да си ја тераат својата политика“.

Друг проблем е што се бираат академици на повозрасни години, вели професор Лазаров, наместо да се бираат истакнати научници, без разлика на возраста.
Премиерот Никола Груевски на промоцијата на изданијата од едицијата „130 тома македонска книжевност“ на англиски јазик во МАНУ на 8 септември 2011 година.

Премиерот Никола Груевски на промоцијата на изданијата од едицијата „130 тома македонска книжевност“ на англиски јазик во МАНУ на 8 септември 2011 година.


„Да се примаат и помлади научници кои ја афирмирале науката во странство, а кај нас МАНУ ја сметаат за академија на старци“.

Може да се констатира дека улогата на МАНУ е потврдена со нејзините резултати, нејзината оправданост е потврдена низ практиката и низ работата и низ сето она што претставува достигнување во научната област, вели професор Осман Кадриу.
МАНУ во нашата држава претставува институција која во досегашниот период, а и сега и во иднина има клучна улога во развојот на општеството, во развојот на општествените дејности преку науката и научната мисла.

„МАНУ во нашата држава претставува институција која во досегашниот период, а и сега и во иднина има клучна улога во развојот на општеството, во развојот на општествените дејности преку науката и научната мисла. Достапна за јавноста, достапна за науката, достапна за научната мисла и организираат разни тркалезни маси, разни семинари за важни теми за развојот на нашата држава и развојот на нашите односи преку науката и научната мисла.“

Професор Кадриу вели дека што се однесува до негативните појави во оваа институција, тие секако заслужуваат внимание и размислување дали навистина требало да се постапи на таков начин на кој постапиле, но дека сепак треба на нив да се гледа како на исклучоци кои не ја доведуваат до прашање значајната улога на оваа врвна институција.

МАНУ во последните години беше мета на дневнополитички превирања. Првин во 2001-та кога за време на конфликтот МАНУ излезе со идеја за размена на територии во западна Македонија како еден од начините за надминување на проблемот. Потоа следуваше енциклопедијата која ги разбранува меѓуетничките односи во државата.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG