Достапни линкови

ММФ: Грчкиот државен долг догодина скоро 182 насто од БДП


Државниот долг на Грција во 2013 година ќе достигне 181,8 проценти од бруто домашниот производ, што налага ревизија на плановите за финансиско заздравување на земјата, соопшти висок претставник на Меѓународниот монетарен фонд, нагласувајќи дека Фондот ја зголеми за 21 поен прогнозата што ја направи во април за висината на долгот на Грција за следната година. „Го преразгледуваме планот за финансиско заздравување, но се уште е рано да се посочат неговите нови параметри, оцени претставник на Фондот во Токио каде што се одржува годишната сесија на ММФ и Светската банка.
XS
SM
MD
LG