Достапни линкови

logo-print

МАНУ одбележува 45 години од формирањето


Македонската академија на науките и уметностите денеска одбележува 45 години од формирањето. Пo тој повод ќе се одржи Свечена академија на која ќе се обратат претседателот на Македонија Ѓорге Иванов и претседателот на МАНУ академик Владо Камбовски. Во рамки на одбележувањето ќе биде доделено и меѓународното признание „Блаже Конески”. Добитници на ова признание се Олга Панкина од Руската Федерација, за посебен придонес во афирмирањето на македонската литература и култура на руското говорно подрачје, Петер Рау од Германија, за посебен придонес во афирмирањето на македонската поезија, литература и јазик на германското јазично подрачје и Зденка Рибарова од Чешка, за посебен придонес во проучувањето и афирмацијата на македонскиот јазик.
XS
SM
MD
LG