Достапни линкови

Во Москва повторно за жалбата на Пуси Рајот


Судот во Москва денеска ќе расправа за жалбата на трите членки на панк групата Пуси Рајот кои во август годинава беа осудени на две години затвор под обвинение за хулиганство мотивирано од религиозна омраза. Тие во февруари во една црква во Москва изведоа песна против претседателот Владимир Путин. Московскиот суд во минатата недела ја одложи расправата за жалбата откако една од обвинетите побара дополнително време за да го смени нејзиниот адвокат. Пресудата предизвика меѓународни реакции, со оценка дека е напад врз слободата на изразување. Путин деновиве изјави дека пресудата била правична, бидејќи не може да се дозволи, како што рече, „поткопување на моралните вредности и обидите за уништување на земјата“.
XS
SM
MD
LG