Достапни линкови

ЕК ќе го објави извештајот за напредокот на земјите кандидати за ЕУ


Еврокомесарот за проширување Штефан Филе

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе

Европската комисија денеска официјално ќе го претстави годишниот извештај за напредокот во достигнувањето на европските стандарди за сите земји кои се стремат кон членство во Европската унија. Се очекува да биде дадена нова препорака за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ и укажување до Советот на Унијата да го овозможи тоа без натамошно одлагање. Еврокомесарот за проширување Штефан Филе извештајот официјално ќе го претстави пред Надворешно политичкиот одбор на Европскиот парламент, по што ќе одржи прес конференција. По прес конференцијата на Филе, извештајот за напредокот на Македонија во Скопје ќе го презентира и евроамбасадорот Аиво Орав, кој документот ќе им го достави и на претседателот Ѓорге Иванов, на премиерот Никола Груевски и на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
XS
SM
MD
LG