Достапни линкови

Грција се надева на следна транша од помошта во ноември


Германската канцеларка Ангела Меркел и грчкиот премиер Андонис Самарас.

Германската канцеларка Ангела Меркел и грчкиот премиер Андонис Самарас.

Грција смета дека ќе ја добие следната транша од помошта од ЕУ и ММФ во ноември годинава, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас.
Тој ja окарактеризира како позитивнa посетата на Грција од страна на германската канцеларка Ангела Меркел, чија земја е најголем кредитор на Грција.
Меркел ги поддржа напорите на грчката Влада за намалување на дефицитот и спроведувањето на реформи, но не прецизира кога Грција ќе ја добие следната транша, велејќи дека се уште не е подготвен извештајот на експертите од „тројката“ (ЕУ, ЕЦБ и ММФ).
Според Стурнарас, Грција упатила барање да и се продолжи рокот за дејствување на буџетската програма и тоа прашање се разгледува.

Грција постигна видлив и значителен напредок во спроведувањето на потребните реформи, но има уште многу работа, изјави претседателот на Европската централна банка Марио Драги.

„Јасно е дека напредокот во однос на потребните реформи е видлив и значаен, но јасно е и дека треба да се направи повеќе“, изјави Драги пред Комисијата за економски прашања на Европскиот парламент.

Пред неколку дена тој истакна дека Грција не може да добие подолг временски период за да го исплати делот од својот државен долг.
Тој тогаш нагласи дека доколку се прифати барањето на Грција да и се даде подолго време да го исплаќа својот долг кон ЕЦБ, тогаш тоа ќе се смета како директно финансирање, што е забрането според договорите на ЕУ.
XS
SM
MD
LG