Достапни линкови

logo-print

Обама ја потпиша извршната наредба за новите санкции против Иран


Американскиот претседател Барак Обама ја потпиша извршната наредба за новите санкции против Иран, кои Конгресот ги одобри, а тој ги потпиша оваа лето.
Санкциите се обидуваат да го одвратат Иран од спроведувањето на програмата за нуклеарно наоружување.
Иран инсистира на ставот дека неговата нуклеарна програма е за мирољубиви цели. Од Националниот совет за безбедност на Белата куќа велат дека засилените санкции насочени кон Иран, дале резултати. Конгресот во август донесе закон со кој се прошират санкциите и на поединци или компании кои имаат удел во иранскиот долг или пак соработуваат со иранската влада за иранска нафта и нејзините деривати.
XS
SM
MD
LG