Достапни линкови

Нетанјаху најави дека ќе распише предвремени парламентарни избори


Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху.

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху.

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху најави дека ќе распише нови парламентарни избори на почетокот на 2013 година, што е за околу осум месеци пред предвиденото. Нетенјаху во телевизиско обраќање, изјави дека бил принуден да распише избори поради несогласувањата во владејачката коалиција за буџетот. Тој вели дека за доброто на Израел, одлучил да се одржат извори што е можно побрзо. Израелскиот премиер не одреди датум за предвремените избори, но рече дека ќе биде подобро ако има „кратка кампања“.
XS
SM
MD
LG