Достапни линкови

logo-print

Француските пратеници го ратификуваа Европскиот фискален договор


Францускиот претседател Франсоа Оланд.

Францускиот претседател Франсоа Оланд.

Француските пратеници со големо мнозинство го ратификуваа Европскиот фискален договор што предвидува построги казни за владите кои прекумерно трошат. Националното собрание го ратификува договорот со 477 гласови за и 70 против. На договорот се противат некои лево ориентирани политичари, од кои дел се членови на Социјалистичката партија на претседателот Франсоа Оланд. Се очекува францускиот Сенат денеска да расправа за договорот. Франција со децении има голем буџетски дефицит и редовно ги игнорира европските барања за дефицит помал од 3 отсто од БДП-то. Во 2011, францускиот буџетски дефицит беше 5,2 отсто од БДП. Овие правила ги игнорираат и други земји од еврозоната. Европскиот фискален договор има за цел да стави крај на овие прекршувања, ако треба и со казнување на земјите што ги кршат правилата. Француските синдикати вчера протестираа против договорот и против мерките за штедење што ги наметна владата.
XS
SM
MD
LG