Достапни линкови

logo-print

САД - Конгресот ќе расправа за нападот на конзулатот во Бенгази


Убиениот американски амбасадор во Бенгази, Крис Стивенс.

Убиениот американски амбасадор во Бенгази, Крис Стивенс.

Во американскиот Конгресен комитет денеска има сослушување за безбедносната ситуација која доведе до смртоносниот напад на американскиот конзулат во Либија, минатиот месец. При нападот на 11 септември врз мисијата на САД во Бенгази беше убиен амбасадорот Крис Стивенс и уште тројца членови на американскиот владин персонал. Во пресрет на сослушувањето, американските официјални лица изјавија дека разузнавачките служби не покажале дека таков напад се планира или дека имало „нешто невообичаено“ околу мисијата во Бенгази пред нападот.
Белата куќа и Стејт департментот сугерираа дека нападот бил предизвикан од протестите притив видео клипот направен во Калифорнија, со кој се исмева пророкот Мухамед. Инцидентот предизвика партиска дебата во Вашингтон, само неколку недели пред американските претседателски избори на 6 ноември.
XS
SM
MD
LG